Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Со поголема соработка до раст на трговската размена од 20% меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати

Со поголема соработка до раст на трговската размена од 20% меѓу Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поголема соработка до раст на трговската размена од 20% меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Премиерот Мицкоски оствари средба со директорот на Стопанската Комора на Дубаи на која му ги презентираше можностите за инвестирање во земјава. Според него, добра основа за вложување е стабилната економија со континуиран раст од над 3% во изминатите четири квартали, а добри показатели се и забрзување на градeжништвото, раст на туризмот и земјоделскиот сектор. Мицкоски посочи дека земјава бележи високи износи на вложувања од страна на странските инвеститори, реализира високо ниво на капитални инвестиции, а земјата има инфлација која треба да се стабилизира на 4% годинава, со обврска да ја намали наредните години.

Директорот на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута, пак, посочи дека компаниите од Дубаи се најмногу заинтересирани за соработка во области како трговијата, одржливоста и секторите за дигитална економија. Рашед Лута ги повика македонските компании да го искористат Дубаи за да го зголемат своето присуство на глобалниот пазар. Тој смета дека на овој начин, тие можат логистички за го зголемат учеството и на африканскиот континент.

Трговската размена меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати во последните 5 години изнесува 495 милиони долари. Средбата во Владата меѓу македонските стопански комори, комората на Дубаи и владини претставници доаѓа пет месеци откако во април широка македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски беше во посета на Обединетите Арапски Емирати. Тогаш пред бизнисмените во Дубаи и Абу Даби се презентираа можностите за инвестирање во Македонија, започнатите инфраструктурни проекти, проекти од областа на транспортот, енергетиката, туризмот.