Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Разоткриена шумска мафија во источна Македонија – паднаа полициски началник, полицајци, директор и газди на фирми

Со пари под рака, организирано нелегално сечеле шуми и краделе дрва. Голема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пари под рака, организирано нелегално сечеле шуми и краделе дрва. Голема акција на полицијата во источна Македонија разби организирана криминална група која со годинини ја уништувала животната средина со сеча на квалитетна шума во подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево. Според првичните информации осомничените со злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп направиле тешки кривични дела против животната средина.

  • „МВР во текот на денешниот ден, под раководство на ОЈО ГОКК, на неколку локации низ државата спроведува акција за сузбивање на криминална група инволвирана во извршување на крицични дела „пустшење шуми”, „злоупотреба на службена положба и овластување”, „примање поткуп“ и „давање поткуп”“ се првичните информации од МВР.

Според неофицијално инфромации веќе има приведени лица кои првично се сомничат за нелегалната сеча. Мешу нив и директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и началник во полицијата како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, вработен во подрачната единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Сите се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Според засега непотврдени информации, групата функционирала како злосторничко здружение за личен профит на сметка на државата и природните ресурси.

Реклама

Надлежните пак, со вакви акции испраќаат јасна порака за корупцијата –  уништувањето на природата и злоупотребата на функциите нема да бидат толерирани, без оглед на тоа кој стои зад нив.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција најави детали од акцијата за во текот на денот.