Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Обвинителите и полицијата влегоа во опожарениот објект за отпад во Трубарево

Во бели скафандери, со заштитни маски на лицата, истражители и обвинители влегоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во бели скафандери, со заштитни маски на лицата, истражители и обвинители влегоа во изгорениот магацин во Трубарево.  Се фотографираа и се снимаа остатоците  со дрон, се земаа примероци.

Се собираат докази на лице место, но се истражува како се проширил до степен да го загади цело Скопје.

Се бараа докази која била иницијалната каписла за пламнувањето на објектот…Увидот е отежнат поради затрупувањето со песок и небезбедност на локацијата, , па увидни екипи во рециклаторниот центар на „Ф-групација“ ќе има и во следните денови. Отпадот во кој се складирале електронски уреди и пластика го обезбедува полиција, а пожарникарите дежураат бидејќи постојано има чадења, но и во случај повторно да не се разгори.

Реклама

Истрагата треба да даде одговор како настанал пожарот, но и дали правилно се складирал отпадот.

  • „Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата“ велат од ОЈО.

Во меѓувреме, судот им го продолжи притворот за нови 48 часа на четворицата осомничени кои се поврзуваат со сопственичката структура на отпадот. Според информациите од истражните органи, станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во фирма.

Според обвинителството, се испитуваат и други потенцијално инволвирани лица, а привремената мерка притвор е побарана за обезбедување на доказите. По нивно анализирање МВР ќе ја срочи кривичната пријава, во која ќе бидат опфатени првичните сознанија за пожарот. Според надлежните во истрагата ќе се проверува секој документ кој го поседувал рециклаторниот центар за да функционира, но и дали ги почитувал прописите од дозволата за складирање и третирање до 20 тона дневно неопасен отпад и 500 килограми опасен отпад во текот на 24 часа.

Вонредните анализи по пожарот во магацинот за отпад во скопското село Трубарево не покажале присуство на радиоактивност во водата, ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Зголемени вредности на бакар и цинк се забележани само на едно место, на површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, но тие се во рамки на очекуваното и не претставуваат ризик. Анализите, според надлежните, во најкус можен рок ќе бидат повторувани според утврдените протоколи.