Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Скандалот со следење и прислушување во фокус на седницата за пратенички прашања

СДСМ бара декласификација на материјалите од Агенцијата за национална безбедност, премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ бара декласификација на материјалите од Агенцијата за национална безбедност, премиерот Христијан Мицкоски алармира дека Обвинителството мора што поскоро да реагира за скандалот околу злоупотребите во АНБ. За прислушкувањето и следењето на политичари, вклучувајќи го и Мицкоски додека бил во опозиција, но и новинари и други личности мора да има одговорност – смета власта. Оваа тема беше главна и на денешната седница за пратенички прашања на опозицијата, во Законодавниот дом. Претседателот на СДСМ Венко Филипче повторно ги повика институциите веднаш и целосно да ги декласифицираат документите, а премиерот Мицкоски порача дека мора да има одговорност за незаконското следење.

„Сметам дека е од исклучително голем јавен интерес, оваа засега афера точно и детално да се расчисти. И во таа смисла согласно членот 21 од законот за следење, пратење на комуникациите се што се смета секој материјал кој се смета дека е злоупотреба или има криминал, практично не може да биде класифициран“, рече Венко Филипче лидерот на СДСМ.

„Нормално е како претседател на Владата да добијам извештаи од страна на тие институции од безбедносните агенции и нормално е да знам што пишува внатре, бидејќи сум носител на сертификат за највисока државна тајна“, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Реклама

Тензична атмосфера во собранието настана и кога Европскиот фронт се обиде да провоцира околу уставното име – па му замерија на премиерот Христијан Мицкоски, зошто не користел Северна Македонија. Шефот на Владата му порача на Скендер Реџепи, кој впрочем е кандидат за градоначалник на Скопје, да се обиде да се однесува подемократски, а што се однесува до името на земјава, за него, како што рече, секогаш ќе биде Македонија.

„Премиерот, министрите, работниците, претседателот на Собранието, дозволува постојано да се прекршува уставот, употребувајќи име кое не е составен дел од Уставот. Ова е прекршување на Уставот а ние говориме за правата за уставно уредување, за законски права“, изјави Скенер Реџепи, пратеник од Европскиот Фронт.

„Не можете вие мене да ми кажувате како јас да ја нарекувам мојата земја и што да кажувам. Мојата земја јас сум кажал дека е Македонија и ќе биде Македонија. На оваа говорница и согласно Уставот можам да си кажувам она што мислам дека можам да го кажам и тоа се вика слобода на говор. Вие пледирате да бидете градски татко морате да бидете малку подемократ“, изјави Христијан Мицкоски претседател на Влада.

Меѓу останатите теми на седницата за пратенички прашања од опозицијата беа и економијата, платите, пензиите, истрагата за пожарот во Кочани. Од страна на Собранието побарано е од Владата на седниците за пратенички прашања да присуствуваат министрите за да можат да одговорат. Како што истакна претседателот на Собранието Гаши на овонеделниот брифинг со медиумите, за ова разговарал и со премиерот Христијан Мицкоски кој се согласил со барањето посочувајќи дека тој како премиер со неговото присуство на седниците дава пример дека треба да присуствуваат и министрите.