Реклама
Македонија

Нино Васев и тројцата онколози не направиле само пропуст туку криминално несовесно лекувале, рече обвинителката пред судот

Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите, верувале дека ќе им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите, верувале дека ќе им биде дадени потребната нега и внимание, дека ќе добијат адекватна терапија и никогаш не помислиле дека нивното здравје ќе биде нарушено, рече обвинителката Ана Гоговска Јакимовска на почетокот на судењето за Онкологија.

  • „Би започнала со тоа дека здравиот има многу желби а болниот има само една а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите, верувале дека ќе им биде дадени потребната нега и внемание, дека ќе добијат адекватна терапија и никгоа не помислиле дека нивното здравје ќе биде нарушено. Доказите и актите јасно покажуваат дека Нино Васев како лекар, онколог и физотерапевт свесно и систематски постапувал спротивно на основните начела на медицинската етика што ја регулираат онколошката терапија притоа предизвикувајќи тешко нарушување на здравјето на пациентите. Во периодот обвинетиот извршиле повеќе временски и содржински дејствија користејќи ја истата позиција која ја имал и истите пропусти во системот со што групо ги прекршил стандардите и препораките на Европските и светските онколошки правила и процедури. Како што ќе покажеме преку материјалните докази, стручните вештачење без конзилијарна одлука и без соодветна медицинска документација одобрувал и спроведувал неподобни терапии и тоа надвор од индикациите со недозволено дозирање, несоодветно темпирање на апликациите и без проценка на перформанс статусот и биохемиските параметри на пациентите. Ќе покажеме дека терапиите биле препишувани и спроведувани дури и кога било очигледно бескорисно а о тоа и штетни и ризични како и во случаите на употреба на имуно терапијата кај пациентите без можноста за развивање.. “ рече Јакимовска.

Обвинителката продолжи и за останатите лекари онколози кои се обвинети.

  • „Дополнително, ОЈО ќе докаже дека ова несовесно постапување било овозможено преку директна соработка со Мери Пешевски со која работеле заедно и која му ставила на располагање во рамки на своето небрежно постапува кај седум пациенти свој факсимил и лични акредитации, користничко име и лозинка во болничкиот систем за онколошки терапии со што му овозможила административен пристап за терапии без соодветна контрола. Судот ќе биде упатен во детали за секој конкретен случај, ќе бидат презентирани медицински белешки и експертски наоди кои ќе потврдат дека Васев го сторил кривичното дело кое му се става на товар со бројни последици на пациентите. Мери Пешевски небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија од Васев кај седум пациенти,“ рече обвинителката во однос на обвинетата Мери Пешевска.

Се произнесе и за другите обвинети.

Реклама
  • „Ќе изнесеме докази дека обвинетите Васев, Црвенкова и Јакимовски во критичниот период извршиле кривично дело несовесно лекување болни, преку серија на поврзани дејствија постапувале спротивно на стручно утврдените онколошки упатства и без документација давале неподобни терапии често со неточна доза на пациенти кај кои таквите терапии биле не само неефективни туку и штетни. Ќе докажеме дека ова не се изолирани грешки туку образец на несовесно и непрописно постапување кое резултирало со штета по животот и здравјето на пациентите. Пациентите и нивните семејства имале безрезервна доверба во обвинетите, и никогаш не помислиле дека токму оние на кои им го довериле животот ќе постапат на начин што ќе го влошат нивното здравје. Ќе покажеме дека лекови на нови генерации биле давани на пациенти во крајна состојба кога било очиглендо дека нема да има ефект поради краткото време за дејство и лошата состојба на пациентот а чија состојба дополнително била влошувана на овој начин“

Ќе бараме правдата да биде задоволена во име на пацинетите, на лелувањето и хуманоста, го заврши воведниот збор обвинителката Јакимовкска.

Предходно, Кривичениот суд не го прифати спојување на двата предмети за Онкологија, првиот за несовесно лекување на пациенти со предметот со финансиските злоупотреби на клиниката. Во двата предмети првообвинет е Нино Васен – поранешниот директор. во кој е обвинет се организацискиот Нехат Нухи. Исто така ги одби приговорите на одбраната дека вештакот од Словенија немал соодветна лицеца за вештак, па затоа да бидат прифатени како докази извештаите. Судот смета дека согласно договорите се е законски и истите вештачења можат да бидат ценете какон докази во судскиот предмет.

Обвинетите се товара за кривичните дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.