Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: Правичната застапеност станува закон, а не фасада за непотизам на ДУИ

ДУИ, сега ребрендирана како Алијанса на коалиции на интереси (АКИ), 20 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ, сега ребрендирана како Алијанса на коалиции на интереси (АКИ), 20 години ги држеше Албанците како заложници, користејќи го принципот на правична застапеност како маска за корупција, пазарење и одржување на својата моќ по секоја цена. Овој закон, кој требаше да биде одобрен во 2003 година, исчезна од агендата преку валкани зделки, клански интереси и политички игри. За нив, правичната застапеност не беше еднаквост, туку начин за вработување на внуци, внуки и партиски милитанти, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Денес, благодарение на нашата влада, неправдата завршува. Со овој закон, секоја институција ќе биде обврзана да го почитува и унапредува принципот на фер и соодветна застапеност. Формирањето на Владино координативно тело, предводено од вицепремиерот, ќе го следи и гарантира неговото спроведување. Во рок од шест месеци, сите секторски закони ќе бидат усогласени со обврските што произлегуваат од овој закон, со што еднаквоста и правдата ќе станат функционален стандард за сите граѓани.

Ова е разликата помеѓу ДУИ и ВРЕДИ. Тие ги користеа институциите за да се збогатат себеси и својот круг, ние ги користиме за да донесеме еднаквост и правда. Тие го сменија Кривичниот законик за да ги спасат сопствените корумпирани, ние ги менуваме законите за да гарантираме правична застапеност за сите. Тие донесоа штетни проекти како Отворен Балкан, ние носиме европски стандарди и правна еднаквост.