Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Мицкоски за предлогот на Филипче: Да го видиме документот, па ќе дадеме наш инпут, во минатото декларациите на СДСМ беа само обично слово на хартија

Премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за резолуцијата со црвени линии што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за резолуцијата со црвени линии што СДСМ најави дека ќе ја достави до Собранието рече дека нема добиено никаков документ, но остава да види што е тоа ново што ќе понудат од опозициската партија, па вели, ќе дадат свој инпут.

– Да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа. Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново, вели Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за предлогот на Венко Филипче, попладнево во Клубот на пратениците каде присуствуваше на одбележувањето на 1 септември – Денот на Агенцијата за национална безбедност.

Премиерот Мицкоски додаде дека многу такви декларации предложени од СДСМ се само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.

Реклама

-Иако мора да кажеме дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации коишто на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларира апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со владата. Така што еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме, изјави премиерот Мицкоски.