Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ затоа што никогаш не била дел од истата

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението – реакција на денешната прес-конференција на Партијата на пензионерите на која тие објавија дека на претстојните локални избори ќе коалицираат со СДСМ. Соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ви го пренесуваме во целост:

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста.

Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата.

Реклама

Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување.