Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Меџити: Бајрам Вардар со група познати експерти од Турција ангажирани на изработка на Мастер планот за Чаир

Екипа експерти од Турција, предводена од Бајрам Вардар, е ангажирана за подготовка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипа експерти од Турција, предводена од Бајрам Вардар, е ангажирана за подготовка на развојниот Мастер план на кандидатот за градоначалник на Чаир, актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Во соопштението до медиумите, се наведува дека се очекува нивното искуство во урбанистичко планирање, архитектура и просторно управување да обезбеди модерен и одржлив визионерски пристап за општината, а се посочуваат и дел од експертите кои ќе бидат во тимот на меѓународно познатиот архитект.

-Во групата експерти, меѓу другите, се наоѓаат: Надир Доган, урбанист со диплома од Универзитетот „Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş. и експерт за изработка на просторни планови на голема скала за градови како Истанбул, Бурса, Кожаели и Трабзон, како и за многу проекти за урбана трансформација. Др. Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, магистер од Универзитетот Мисури во САД и докторска титула во областа на урбанизмот. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата „Saydam Tasarım“, со повеќе од 800 меѓународни проекти во областа на архитектонскиот дизајн и визуализација, се посочува во сопштението.

Реклама

Покрај нив, во тимот учествуваат и други експерти од Турција, кои заедно со локални урбанисти и архитекти ќе придонесат во изработката на Мастер план кој има за цел да го позиционира Чаир како модел на одржлив развој во Скопје, стои во соопштението.

Порано овој месец на неговиот фејсбук профил, вицепремиерот Меџити го објави името на светски познатиот архитект од Турција, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир.

-Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме Мастер план за Чаир, заедно со граѓаните и дополнително ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер план, вели меѓу другото архитектот Бајрам Вардар во видеото од разговорот со Меџити. 

Бајрам Вардар  бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, а бил и главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие два милионски градови.

Бајрам Вардар по потекло е Албанец од Скопје.