Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Никоски: Резолуцијата на Филипче е „разболи се, па лечи“ наместо да ја спречи болеста

Неприфатлив е предлогот на опозицискиот лидер Венко Филипче за донесување нова резолуција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неприфатлив е предлогот на опозицискиот лидер Венко Филипче за донесување нова резолуција за македонските црвени линии во европските интеграции, бидејќи внесување на бугарско малцинство во македонскиот Устав е Тројански коњ. Поранешниот амбасадор Ристо Никоски, е дециден дека токму власта предводена од партијата на Филипче, ја погази Декларацијата која веќе беше изгласана во македонското собрание. Сега, какви било документи не можат да го променат тоа што претходно македонските власти го прифатија на штета на македонскиот идентитет и историја.

  • „Се обврзавме, под ултиматум, да менуваме Устав и да ставаме непостоечки Бугари во Уставот. Оваа резолуција не само што е игнорирана, туку се оди на нешто што е нелегално и неприфатливо. И не само тоа, за нас моментално воопшто клучен проблем не е промената на Уставот, што никако не треба да се направи, во никој случај, бидејќи сеработи за Тројански коњ. Клучен проблем е преговарачката рамка која зависи од вториот протокол а преку него одлуките на Историската комисија. Овие зборови се апсолутно неприфатливи тоа е една чиста лага и мислам дека премиерот на еден убав начин, дури и доста воздржан му одговори“ коментира Ристо Никоски – Поранешен амбасадор..

Според поранешниот амбасадор, тактика на власта е преку преговори со челници во Брисел да се бори со аргументи кои се на Македонска страна.

  • „Суштината во дипломатијата, е да се спречи, а не да се лечи. Ова што предлага опозицијата е ние да се разболиме па ќе се лечиме. Бугарија нема никогаш да дозволи Македонија да влезе во ЕУ, доколку не расчистиме со вториот протокол… Мислам дека тоа е тактитка на власта, бидејќи е свесна дека Брисел нема да промени ништо, бидејќи сите пораки кои доаѓаат од таму се „преземавте обврска исполнете ја“. Затоа или исполнете ја или откажете ја. Затоа Македонија нема друг излез отколку да го откаже вториот протокол преку Уставниот суд, со тоа паѓа во вода, ултиматумот ставете непостоечки Бугари во Уставот, а со тоа и преговарачката рамка на која на две места се повикува и споменува вториот протокол“ коментира Ристо Никоски – Поранешен амбасадор.

Премиерот Мицкоски децидно го одби предлогот на опозицискиот лидер Филипче, кој бара во Собранието да биде изгласана заедничка резолуција за евроинтеграциите со нашите „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да ги прекинеме преговорите со ЕУ. Претседателот на Владата пак го потсети дека при изгласан таков документ во македонскиот парламент, тогашната власт го погази и ги прифати сите ултиматуми кои ги постави Софија.