Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ангелов: Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола

Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Пожари избиле на следните локации: Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно, беше зафатена ниска вегетација и мешана шума,  Општина Карпош кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево (ниска вегетација и мешана шума), Општина Бутел, кај последна 57 (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с. Инџиково (трева и ниска вегетација).

-Денес попладне скопскиот регион беше зафатен со силно невреме проследено со силен ветер при што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од поголемиот дел на градот Скопје и предизвикаа вознемиреност помеѓу граѓаните, истакна Ангелов.

Реклама

Тој напомена дека во периодот додека беснееле овие пожари на отворен простор, во регионот на аеродромот Скопје дува силен ветар проследен со силен дожд поради што ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување како и армискиот хеликоптер иако беа во состојба на готовност не можеле да полетаат и да дадат подршка на пожарникарите.

-Голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита за брзата и пожртвувана реакција. Благодарност и до тимовите на ДЗС како и доброволното противпожарно друштво од Чаир. Посебна благодарност до повеќето граѓани кои се затекнаа на местата на пожарите и несебично помогнаа на пожарникарите, нагласи Ангелов.