Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Засилува поддршката за домашното земјоделско производство

Македонија со мали но цврсти чекори се движи кон патеката на држава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија со мали но цврсти чекори се движи кон патеката на држава која беше препознатлива по производството и звозот на земјоделски производи. Во овој правец оди и податокот од Државниот завод за статистика дека во вториот квартал од годнинава производството на земјоделски производи е зголемено за 60 милиони евра. Премиерот Мицкоски, задоволен од податоците, информираше дека параелно со зголеменото произвоство, расте и откупот.

“Во вториот квартал имаме околу 60 милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26-27% повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година кои што како количина се за 7% повеќе споредено со истиот период лани.” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Земјоделците остануваат  еден од приоритетите на македонската  влада. Премиерот вели дека поддршката за нив од почетокот на мандатот на владата – ќе продолжи, затоа што производството на храна е  исклучително важно.

Реклама

“Земјоделците се еден од приоритетите на оваа Влада, тоа го покажавме изминативе 14 месеци. И очекувам во таа насока да продолжиме и во иднина затоа што производството на храна ни е исклучително важно. Колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме. Македонија во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, посебно на земјоделски производи. Така и ќе продолжиме во иднина.”- изјави премиерот.

Зголемениот раст на откупот на земјоделски производи доведува и до раст на добивката на земјоделците. Истовремено надлежните не застануваа тука, туку прават се за промоција на домошното производство. Во тек е кампањата    „Македонско најдобро“, со која ќе се разликуваат  домашните од увозните производи. Домашните јаболка, домати и компири , ќе добијат своја „лична карта“ на полиците во маркетите. Во Министерот за земјоделство се оптимисти дека со обележувањето на македонското овошје, зеленчук, јајца и конзервирани прехранбени производи во маркетите ќе се стабилизираат цените и ќе се зголеми производството на храна.