Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Македонија шеста во светот по привлекување гринфилд инвестиции во однос на БДП

Економските политики добија потврда оФајненшл Тајмс. Пресметките на угледниот медиуми ја рангираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските политики добија потврда оФајненшл Тајмс. Пресметките на угледниот медиуми ја рангираа Македонија на второто место во Европа и шестото во светот по учеството на странски директни гринфилд инвестиции споредено со големината на економијата.

„Со население од помалку од 2 милиони жители и номинален БДП за 2024 година од околу 16 милијарди долари, оваа земја од Западен Балкан е пример за нација која се справува со својата тежина кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции“, стои во извештајот.

Премиерот вели дека инвестициите не се само статистика туку значат подобар стандард и подобар живот за граѓаните. Мицкоски е дециден дека промените доаѓаат полека но сигурно.

Реклама

Ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП. Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП, значи да бидеме прецизни, да не оставиме на овој тип на луѓе да го дефокусираат и ова, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за надворешни работи и трговија, пак, вели дека гринфилд инвестициите значат нови фабрики, капацитети и работни места.

Свеж капитал што влегува во нашите градови и носи знаење, технологија и нови можности за граѓаните. Пример за таа динамика се енергетските проекти, како и големиот број нови инвестиции реализирани во ТИРЗ во изминатата година. Тоа е јасен сигнал дека енергетската транзиција и индустрискиот раст се во фаза на реализација – не само план или парола. Денес не велиме „целта е постигната“. Денес го забрзуваме чекорот. Поедноставуваме постапки, кратиме рокови, ги поврзуваме домашните компании со странските инвеститори, вложуваме во вештини за младите. И најважно – создаваме систем во кој никој не е над законот, затоа што довербата е нашата најсилна валута за раст, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Дека економијата оди во нагорна линија покажуваат и другите статистички податоци. Во првите шест месеци од годинава во Македонија дошле речиси 400 илјади странски гости. Со тоа е остварен раст од 19.7% во однос на истиот период лани.

Знам што сработивме изминатите 6 месеци за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона на нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку десетици илјади кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Најмногу странски туристи и натаму доаѓаат од Турција, потоа Србија, но се повеќе и од западноевропските држави, како Германија и Холандија. Бројот на странски туристи е зголемен и поради стратешките чекори што ги презема државата – пред се воведувањето нови директни авиолинии и активната промоција на земјата.

Во првите шест месеци од годинава низ двата македонски аеродроми минале над 1.5 милиони патници што е за 5% повеќе во однос на истиот период лани.