Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“, Алиу се сретна со граѓани и вработени во болницата во Гостивар

Во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“, министерот за здравство, Азир Алиу денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“, министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари средби со граѓани и вработените во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Министерот Алиу посетата ја искористи за да се запознае со потребите на најголемата здравствена установа во гостиварската општина. По средбата со вработените тој констатира дека потребите и проблемите на гостиварската болница се слични како и во другите јавни здравствени установи и се осврна критички кон досегашната работа во овој ресор.

– Има недостиг од медицинска опрема, слаба инфраструктура и персонал. Тоа е последица на лошата политика која се водела во овој ресор. Здравството е таков систем во кој мора да предвидувате, а не само да креирате политики. Предвидувањата треба да бидат на рок од над десет години, рече министерот за здравство, Изер Алиу по посетата на гостиварската болница.

Реклама

Тој посочи дека планирања се неопходни, со оглед на како што рече, за создавање на еден лекар супспецијалист потребни се минимум 15 години. Според Алиу, состојбата со инфраструктурата и опременост е на многу пониско ниво од европското кон кое се стреми македонското здравство.

– Ние како министерство дефинитивно работиме да се постигнат стандардите во инфраструктурата на здравствените установи да бидат компатибилни со европските стандарди. Да бидам искрен, сите се под тие стандарди и затоа ќе работиме според приоритети и итно да делуваме каде што има потреба, рече Алиу.

Во Гостивар се очекуваат вработувања на 37 лица во сите дејности, кои, како што рече, ќе бидат реализирани после локалните избори. Доколку во периодот на предизборието кога не се дозволени вработувања во јавниот сектор, се појави потреба, Алиу напомна дека министерството ќе вложи напори и ќе бара начин за да не остане некоја институција без лекар или медицинска сестра.

По посетата на болницата тој имаше и средба со граѓани која беше организирана преку платформата „Отворен кабинет“, на интернет страницата на Министерството за здравство. Според министерот за здравство овие средби се корисни и на нив граѓаните имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем. На овој начин раководните луѓе од министерството добиваат директен увид во состојбите на јавните здравствени установи.

– На претходните средби, доаѓаат со нови идеи, кои што навистина се интересни и ги разгледуваме, но доаѓаат и со поплаки од типот: не го најдов докторот, ми рече дојди утре, дојди задутре. Случаите ги процесираме бидејќи се во наша надлежност. Исто така, има поплаки кои само ги препраќаме до надлежните институции од типот на мито и корупција, додаде Алиу.

Иницијативата „Мобилен кабинет“ се базира на теренска работа преку кој министерот и неговите соработници одат во посета на јавните здравствени установи низ државата и остваруваат подобра координација со медицинските работници и отворен дијалог со граѓаните. Претходно е реализирана посета на Клиничката болница во Штип и средби со граѓаните од тој регион.