Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Опозициските медиуми фатени во лага: премиерот Мицкоски не поседува личен имот ниту во Хрватска, ниту во Црна Гора

Премиерот Мицкоски не поседува личен имот ниту во Хрватска, ниту во Црна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски не поседува личен имот ниту во Хрватска, ниту во Црна Гора. Откако медиумите го фатија на дело лидерот на СДСМ, Венко Филипче, како летува на скапа и луксузна јахта со екс-лидерот Зоран Заев, медиумите блиски до опозицијата и нивни поддржувачи на социјалните мрежи се обидоа со невистинити информации и лажни вести да направат паралела со премиерот, наведувајќи дека и тој летувал во луксузна вила во негова сопственост. Вистината е дека премиерот Мицкоски нема купено, нема наследено, ниту на било кој начин располага со недвижен имот во овие држави – ниту тој, ниту било кој член на неговото потесно семејство.

Фотографиите и локациите што се користат, со цел да се изманипулира јавноста, се злоупотребени. Објавените фотографии се од објекти кои се во сопственост на сосема други правни и физички лица или на државни институции на Хрватска, и тоа е лесно проверливо со јавно достапните имотни книги и катастарски податоци. Вилата за која велат дека е на македонскиот премиер, прво била во сопственост на град Загреб, а сега се наоѓа во сопственост на државна институција во Хрватска.

„Со цел да се заштити интегритетот и угледот на премиерот, ќе бидат покренати постапки пред надлежните судови против сите портали и лица кои учествуваат во ширење на овие клевети, како и кривични пријави за навреда и клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.