Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Лефков: Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење?

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење?“, праша Миле Лефков пратеник на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

Додека СДСМ секојдневно сее лаги, измислици и зборува за сиромаштија, нивниот претседател Филипче, со нивниот поранешен претседател Заев, плови по Егејското море во луксузна јахта вредна милиони.

Додека СДСМ секојдневно сее лаги како лошо се живее, нивниот Венко Филипче ужива и очигледно го нема проблемот за кој зборува неговата партија на прес-конференции.

Реклама

Напротив живее живот кој лекари од неговата професија од многу поразвиени држави не можат да го живеат.

Венко Филипче треба да одговори како со лекарска плата стигна до луксузно пловење на јахта? Но и по скапи ресторани, пред кои медиумите пишуваат дека бил фотографиран?

Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?

Доколку јахатата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена?

Дали оваа јахта е купена со пари од тендери или фирми поврзани со тендери, како главни или подизведувачи?

Очекуваме одговори од СДСМ и Венко Филипче, а секако и од ЈО, ако главниот обвинител Коцевски смее воопшто да отвори постапка или ќе спие до избори.