Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од септември учениците од ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец ќе спортуваат во нова и модерна сала, за три години ќе се изградат уште 28 спортски сали

Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Физичката активност на учениците е од исклучително значење за тие да можат правилно да растат и да се развиваат. Спортувањето и зголемена физичка активност, придонесува за концентрација и подобри резултати во учењето, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со цел здрави и со поголема концентрација ученици, се вложува во спортската училишна инфраструктура, се подобрува постоечката, а каде што има потреба се гради нова.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура на образовниот систем, во следните три години ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во различни општини.

Реклама

Согласно планот, се предвидува активностите да започнат годинава и до крај на 2027 ќе бидат завршени сите објекти, за што ќе бидат вложени околу 560 милиони денари.

Моментално во завршен процес на изградба е новата училишна спортска сала во ООУ „Кочо Рацин“ во населено место Огњанци, општина Петровец во вредност од 19 милиони денари. До крај на месецов салата ќе биде целосно завршена, а од септември во новата учебна година учениците ќе вежбаат и спортуваат во модерни и современи услови.

Нова спортска сала се гради и во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, општина Гази Баба. Станува збор за инвестиција во вредност од 26 милиони денари, која во моментов е половина реализирани која се простира на површина од 543 квадратни метри.

Нови спортски сали до крајот на годинава ќе добијат скопските училишта „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.

Владата сериозно се посветува на младите, континуирано вложувајќи во подобри, современи и квалитетни услови за настава и спортување на секој ученик.