Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Трајков: Да се овозможи поголема искористеност на ЕУ фондовите во насока на подобрување на животот на граѓаните

Министерството за европски прашања е подготвено да помогне во процесот на аплицирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за европски прашања е подготвено да помогне во процесот на аплицирање за поголема искористеност на европските фондови со цел да се овозможи забрзан развој на општините, било истакнато на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. 

Како што соопшти МЕП, на средбата се дискутирало за степенот на искористеност на ЕУ фондовите во општината, како и можностите за мотивирање на граѓаните и компаниите за зголемување на интересот за поголема реализација на овие фондови во општината, при што биле дефинирани и конкретни чекори со цел подобрување на капацитетите на општината за поголема искористеност на ЕУ фондовите.

Посебен фокус бил ставен и на актуелните и планираните проекти поврзани со локалните бизниси и можностите за поддршка на овие проекти преку европските фондови, со цел се помогне во развојот на општината. 

Реклама

Министерството за европски прашања, како што истакнала Трајков на средбата, ги става на располагање своите капацитети со цел да помогне во создавање на сите предуслови за непречено аплицирање со цел да се овозможи поголема искористеноста ЕУ фондовите во насока на подобрување на животот на граѓаните.

Во рамките на посетата на Прилеп, таа посетила компанијата „Бимфуд ДОО“, која со помош на ИПАРД средства го модернизираа производството и со тоа е овозможен понатамошен развој на компанијата. 

-Заменик-министерката Трајков го посетила и Основното училиште „Добре Јованоски“ во Прилеп каде имала можност да ги види придобивките од изградбата на новото мултифункционално игралиште реализирано во рамките на проект поддржан од УНДП: „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“, стои во соопштението. 

Нејзината посета на Прилеп, додава МЕП во соопштението, била заокружена со обиколка на спортските терени во општината, како и куса посета на новата градинка „Бајка“, пуштена неодамна во употреба, а со којашто се решава повеќедеценискиот проблем за згрижување и нега на најмладите на подрачјето на општина Прилеп. 

-За време на посетата на Прилеп заменик-министерката Трајков порача дека Владата ќе продолжи да работи на реализација на програми и проекти за подобрување на животот на граѓаните како на национално, така и на локално ниво, стои во соопштението на МЕП.