Реклама
Македонија

Судир меѓу Комората на стоматолози и Министерството за здравство за лиценците

Стоматолошката комора на Македонија ги отфрла наводите на министерот за здравство Азир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стоматолошката комора на Македонија ги отфрла наводите на министерот за здравство Азир Алиу дека постоеле финансиски малверзации и сериозни злоупотреби во работењето. Со обемна документација претседателот на ова тело д-р Денковски ги негираше обивинувањата, образложувајќи дека чисто и чесно функционирала Комората изминатите години.

Решението за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора за издавање лиценци пристигнало денеска, а според нив министерот донел погрешна одлука.

“За наводите дека на Комората и се дадени насоки од министер, а таа не постапила нема вистина во тоа и не е точно дека комората не постапила – вели д-р Денковски.

Реклама

Денковски имал интензивна комуникација со министерот за здравство изминатата недела, и вели дека доколку се утврдат било какви неправилности Комората ќе ги вложи сите напори да се исправат.Но сепак уверува дека такво нешто нема.

Сакаме да посочиме дека во меѓувреме, во наведениот период, за работењето на Комората се направени неколку надзори и контроли од страна на Министерството за здравство, ДСЗИ, Управа за јавни приходи, разни државни инспекторати и агенции и сл.и согласно записниците од направените надзори и контроли кои ги поседува Комората, нема утврдени неправилности во кој било сегмент во работењето на Комората, па ниту во делот на јавните овластувања кои се доделени со закон” – наведуваат од Комората.

Сите документи кои се во рацете на министерот Алиу ќе бидат предадени на Обвинителство, а финансиската полиција веќе ја чешла Стоматолошката комора.

Од Министерството за здравство обелоденија дека надзорот на документите на Комора покажале сериозни пропусти, односно едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците.

Одлуката на министерот Алиу да се одземат овластувањата на Стоматолошката комора ја поздравија од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, и пишуваат дека имаат поддршка од факултетите и други здруженија.