Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Со години инфраструктурен хаос во Скопје: Изградени милионски мостови кои водат во провалија и бирократски хаос

Два нови моста, една иста судбина – целосно изградени, потрошени милиони а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два нови моста, една иста судбина – целосно изградени, потрошени милиони а Скопјани никако да видат корист од поврзувањата меѓу Карпош 4 и Злоќани, како и меѓу Аеродром и Ќерамидница .

Граѓаните велат дека е срамота што со години ништо не е сменето, попусто потрошени пари за проекти кои не водат никаде.

‘’Како и повеќето работи во државава, имаме а намаме…. така да мостов е одраз, еве го нашето огледало. Тоа е моето мислење, за мостов. Не е само овој мост таков, многу други има.’’

Реклама

‘’Ова има да стои бајаги време, бајаги време… тешко да се оправи. Кој ќе дојде од овие, од друга власт, они ќе обеќаат ќе биде… кој како ќе дојде така ќе работи. А не ми се верува да се заврши. Не ми се верува.’’

‘’Неколку пати го имам видено вака и стварно, и мене ми е чудно. Не знам зошто е тоа така, ќе го поврзе градот, со тој дел… нешто убаво што не функционира. И мене не ми е јасно  али кај нас многу работи не се јасни и веќе ништо не ме чуди.’’

‘’Џебе е направен кога од таа страна не е поврзан, провалија е, така да… не знам, некако така, во државава се прават работиве без размислување, без ефект. И така ќе си живееме во руини и во срамота. Мислам, тоа е кога никој нема одговорност за делата што ги прави. Кој што сака си прави и никој не одговара за тоа а ние си живееме во ѓубре, во несредено.’’

Од Град Скопје тврдат дека и во двата случаи вината не била кај нив.

За мостот во Карпош чекале Конзерваторскиот центар да изврши археолошки испитувања.

Штом ја сработат нивната работа односно извршат испитувања, мостот ќе биде пуштен.

Вината за мостот во Аеродром, пак, ја лоцираат во СВР.

СВР има негативно мислење за сообраќен режун пред завршување на втората фаза.

Од Градот тврдат дека експропријацијата на земјиштето не била пречка, но сепак и сега на терен се гледа дека во продолжение и на двата моста, онаму каде треба да има булевар се уште има приватни имоти.

Од двете страни на Скопје, во Аеродром и во Карпош 4, над реката Вардар, два моста висат како бетонски облаци. Постојат а ги нема, ги има а како да не се тука. Требаше да го растоварат сообраќајот во градот но градскиот сообраќај засега не гледа никаква корист од нив.

Мостот во Карпош почна да се гради пред 4, а во Аеродром пред 5 години. И двата по се изгледа ќе го чекаат новиот градоначалник кој треба конечно да ги реши проблемите и да ги пушти во употреба.

Новинар Кристијан Ниновски