Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите

Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не мислам дека е добро кој било именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом, порачува министерот за правда Игор Филков.

Тој вели интерпелацијата за јавниот обвинител Љупчо Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите.

-Не мислам дека е добро било кој именуван функционер да ја игнорира волјата на граѓаните изразена преку нивните претставници во Законодавниот дом. Наш приоритет е враќањето на довербата во правосудниот систем и зачувување на неговата независност и интегритет. Како Влада, сме цврсто  решени да  не дозволиме обвинителството да биде перципирано, а уште помалку да функционира како инструмент на било која политичка партија. Обвинителството мора да биде независно, професионално и ослободено од било какви притисоци, без разлика од каде доаѓаат, наведува Филков.

Реклама

Според него, неодговорени останаа голем број случаи, особено оние што се однесуваат на висока корупција, што уште повеќе ја поттикнува перцепцијата дека правдата се применува селективно. Тоа, нагласува Филков, директно го нарушува кредибилитетот на обвинителството.