Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Петрушевски: Каде се СДСM сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?

Каде се сега СДСM да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде се сега СДСM да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага? Со месеци СДСM лицемерно глумеа различни страни со главниот обвинител Коцевски, се додека не дојде на ред неговата фотеља, па мораа да запрат со глумата и да го спасат, за тој да продолжи да ги штити нив, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСM лажно го напаѓаа главниот обвинител Коцевски, сакајќи да направат привид дека тој работи по закон, тој им ги штитеше функционерите кои беа потонати до гуша во криминал.

Повеќе од година дена главниот обвинител Коцевски релативизираше за СДСM и нивните функционери.

Реклама

Ниту еден човек функционер до Заев или Филипче не завршил во затвор, за сите или има спогодби или обвинителството прогледува низ десет прсти кога ги пишува обвиненијата.

И сега кога се демаскирани, молчи СДСM, молчи главниот обвинител Коцевски, ги нема збор да изустат, но важно им е дека се си тече, Коцевски ќе си седи уште некое време во фотеља, а луѓето на Заев и Филипче ќе останат да бидат заштитени.

Овој однос на СДСM го урива правниот систем и за тоа се директно одговорни. Казната за ваквото држење во заробеништво на правдата ќе дојде на избори. Народот памти и не заборава.