Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Да работеше СДСМ во интерес на граѓаните и да имаа добри економски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да работеше СДСМ во интерес на граѓаните и да имаа добри економски политики кои ја подобруваат состојбата и го подобруваа стандардот на граѓаните, немаше инфлацијата во нивно време да руши европски и светки рекорди, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Ема Нешковска од СДСМ.

СДСМ можеби сака да се заборави, но ни ние ниту граѓаните не забораваме дека за време на нивно владеење инфлацијата беше двоцифрена, скапотијата секојдневно се зголемуваше, сиромаштијата галопираше, така што над пола милион граѓани донесе на раб на сиромаштија со по 150 денари на ден.

И додека народот осиромашуваше, луѓето во СДСМ како Зоран Заев и Венко Филипче, секојдневно го зголемуваа богатството, за сега да градат 50 катница во Дубаи.

Реклама

И уште нешто што не смее да се заборави е тоа што СДСМ се тие коишто го зголемија ДДВ на над 1500 прехранбени производи и за 50% ја зголемија цената на струјата, што директно доведе зголемување до поскапување.

За разлика од тие времиња, сега Владата постојано води грижа и носи политики за поддршка на стопанството и граѓаните и презема мерки за намалување на цените.

Во континуитет се носеа мерки за ограничување на цените и на нето профитните маржи, се зголемуваат платите и пензиите, се помага стопанството на кое на располагање се ставија 250 милиони евра со поволни кредитни услови.

Во правец на подобрување и зачувување на стандардот на граѓаните активна е кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, а како најнова мерка Владата ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало.

Исто така, вчера се потпиша колективен договор за 20% покачување на платите на сите вработени во јавните установи за социјална заштита.

Претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно седум илјади денари.