Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Меџити: Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

Др. Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Др. Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир, соопшти денеска првиот заменик претседател на Владата и кандидат за градоначалник, Изет Меџити.

-Дефинирано е, носител на листата за советници во Општина Чаир е д-р Мухамед Муртези, личност која доаѓа надвор од политиката, тој е додадена вредност на ВЛЕН. ВЛЕН некаде ќе излезе со независни кандидати, во овој случај излегува со Мухамед Муртези, кој доаѓа од граѓанскиот сектор и кој го направил она што му е во принцип – да им служи на граѓаните и општеството, рече Меџити по отворање на новиот објект „Бамби“, кој е дел од ЈОУДГ „Фидани“ во Општина Чаир.

Во врска со тоа дека неговиот противкандидат од ДУИ за Чаир, Бујар Османи им ги спомнува дивоградбите, Меџити истакна дека тој има најмалку морално право да зборува за тоа бидејќи, како што посочи, тој живее во куќа која е дивоградба.

Реклама

-Добро е Бујар да спомне прво дека живее во дивоградба. Куќата каде што живее е изградена како дивоградба од негова страна, и е легализирана, па после за другото. Тој има најмалку морално право да зборува за тоа. Без разлика, и да е легализирана, си е дивоградба. Цело време беше министер со неколку функции, и има дивоградба легализирано. Тој сака тоа да не им се дозволи на обичните граѓани, на социјалните случаеви коишто немаат имотен лист, рече тој.

Вицепремиерот смета дека дивоградбите нема да бидат голема тема во рамки на кампањата за локалните избори.

-Не не. Мислам тоа е надминато. Има мораториум за дивоградбите. Ако некој нема право морално да збори, тоа е човекот којшто живее во дивоградба, тоа е Бујар Османи, изјави тој.

На новинарско прашање дека има дилеми дека тој е жител на Бутел, Меџити нагласи дека е роден и живее сите овие години во Чаир.

-Па ќе има официјална кампања ќе ве известиме официјално, тие се технички работи. Роден сум и живеам сите овие години во Чаир, рече тој.