Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДСМ и ДУИ

Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коцевски продолжува да ја игнорира јавноста и да молчи и покрај фактот што довербата на јавноста во правосудството е помала од 2 проценти а во Собранието му е изгласана интерпелација. На Коцевски фотелјата му е поважна од угледот. Коцевски нема ниту срам, ниту одговорност, ниту барем обид за достоинствено повлекување. Поважна му е политичката елита на СДСМ и ДУИ, и тие да се задоволни и да остане што подолго на функцијата за да ги штити, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На Коцевски функцијата му е поважна од принципите, а партиската лојалност поважна од правдата.

СДСМ со негласањето на интерпелацијата јасно ја покажа сопствената агенда и зошто обвинителот е избран токму во Струмица и Мала Речица. Коцевски и покрај се останува на функцијата за да ги штити партиските функционери на СДСМ и ДУИ од одговорност пред правдата и покрај сите изнесени сомнежи за криминал и корупција во изминатиот период.

Реклама

Со што се задолжи Коцевски кај Заев и Филипче и од што му е страв што се уште не поднесува оставка?

Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво во служба на партиските интереси на СДСМ и ДУИ. Време е за одговорност и владеење на правото и правдата во државата.