Над еден милион евра народни пари-толку потрошил градоначалник Рамиз Мерко за одржување на струшката дива депонија,ама само на хартија.Оваа огромна сума се однесува на 8 годишен период.Згора на тоа сите населени места кои гравитираат во околината на Струга за одлагање на сметот на депонијата годишно плаќаат сериозна сума илјадници евра која не е прикажана во приходите од буџетот на општината-укажуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ.
„Од 2018-та заклучно со 2025-та година, во делот за капитални расходи за изградба на депонии за отпад, општина Струга планирала да потроши 1 милион и 300.000 евра, а потрошила наводно само 200.000 евра помалку или 89% од планираните средства предвидени во буџетот. За изминатите осум години за депонирање отпад од правни оператери, општината треба да има инкасирано над 385.000 евра, средства кои не знаеме како се наплаќаат и како се користат. За ваквото раскалашено владеење со парите на стружани мора да има одговорност“, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга”.
Депонијата која 20 години ги труе граѓаните,претставува една од најопасните нестандардни,диви депонии во државата. Научните истражувања потврдуваат дека луѓето што живеат во близина на места каде што се согорува отпад имаат зголемена смртност од канцер.

„Не може никој да не е надлежен за нелегална депонија и енормно загадување на животната средина.Македонските судови тешко излегуваат од онаа матрица постојано да ги заштитуваат државните органи,јавните органи дури и во ситација кога имаме прекршување на основните човекови права и уставно загарантирано право на здрава животна средина”-вели Глигорие Ќатоски-адвокат
Депонија беше главно ветување на Мерко во битката за сите 4 градоначалнички мандат,вклучувајќи го и последниот кој сега го турка. Послана на површина од 3 хектари во плодното струшко поле, на депонијата која е длабока 10 метри, годишно се трупа над 40 тони секаков вид отпад, во висина од 20 метри кои само Мерко не ги гледа.Своевремено изјави дека таа не само што била чиста и уредена, туку и се раззеленувала.
Да, да,сега веќе почнува, гледате дека и наоколу се’ се раззеленува. Мора платформата од ДУИ да оди напред. Вие видовте дека во депонијата слободно може пикник да се направи“, изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга (10.07.2021)
Инаку деновиве полицијата упаси две лица од Струга и Прилеп кои на депонијата гореле душеци,топеле бакарни жици при што предизвикале пожар.
