Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Лазар Ристовски добитник на наградата „ Mето Jовановски“ – почнува фестивалот „ Преку езерото“ во Дојран

Почит за великанот на македонското филмско платно преку награда која се доделува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почит за великанот на македонското филмско платно преку награда која се доделува со неговото име на оние кои оставаат траен вреден запис во кинематографијата.
Наградата „Мето Јовановски“ за врвно актерско достигнување во уметноста, фестивалот „Преку Езерото“ утревечер ќе ја додели на актерот Лазар Ристовски. Според раководството на фестивалот, огромно е значењето што годинешниот лауерат е Ристовски бидејќи тој иако кариерата ја гради во Србија, важи за актер кој припаѓа на Балканот.

Ристовски се занимава со глума околу 50 години, а досега се појавил во околу 70 улоги, а потпишан е како продуцент на над 20 филмови. Со Мето Јовановски никогаш не играле во ист филм, но огромна чест е што ја добива наградата со негово име.
Оваа награда е сигурно голема и значајна затоа што носи име на актер, голем актер Мето Јовановски , кој го знаев, ми беше пријател, но за чудо никогаш не сме играле заедно во ист проект за што ми е многу жал, но се гледавме се дружевме на фестивали, на други места ,така да ми претставува големо задоволство и среќа што сум тука на овој многу интересен и оригинално концепиран фестивал, порача Лазар Ристовски
Инаку меѓународниот филмски фестивал кој го носи медитеранскиот мелос на филмското платно во Дојран се одржува четврта година по ред. Официјалното отворање ќе биде во сабота, а започна денеска со програма за деца.
Годинава, во официјална селекција на долгомертражни играни филмови се од Романија, Италија, Словенија, Србија, Грција и Босна и Херцеговина. Во официјалната селекција пак на кусометражни филмови има 15 филмови на автори од 10 земји од Балканот и Медитеранот. Во неофицијалната и ревијалната програма ќе бидат прикажани уште десетина различни филмови од различни жанрови. Жирито и оваа година како и минатите ќе биде меѓународно, а ланскиот лауреат грчкиот режисер Христос Пасалис е претседател на жирото.