Реклама

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

Македонија

🎥Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри во Крушево

Во опасни услови – со силен ветер и по ноќ, тимот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во опасни услови – со силен ветер и по ноќ, тимот за спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување вечерва успешно го симна странскиот параглајдерист кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри во близина на Крушево. Според информациите, тој се здобил со повреди, но за среќа – не се сериозни.

Несреќата се случила доцна попладнево, кога додека летал со параглајдер, параглајдеристот удрил во високо дрво и останал да виси во воздух. Полициската станица Крушево веднаш ја известила Дирекцијата за заштита и спасување, по што бил активиран специјализираниот тим за планинско спасување.

– Бидејќи локалните сили не можеле да го симнат, итно беше активиран тимот за спасување на планина кој веднаш се упати на терен, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Реклама

По неколкучасовна акција во многу тешки услови, параглајдеристот е извлечен и предаден на медицински екипи.