Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Скопје е трофејот: Центар, Карпош, Чаир, Струга, Струмица… каде се очекуваат најинтересни битки на локалните избори?

Скопје, Чаир, Струга, Струмица, скопски Центар и Карпош. Овие локални избори носат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје, Чаир, Струга, Струмица, скопски Центар и Карпош. Овие локални избори носат неколку главни битки, кои можеби или сигурно ќе донесат нови луѓе на позициите.

Од главниот град дефинитвно заминува Данела Арсовска која кажа дека сигурно нема да се кандидара.

Во Струга повеќе ќе го нема вечниот Рамиз Мерко кој поради бројните кривични пријави, но веројатно повеќе поради американската црна листа не е избор на ДУИ.  Тие ќе одат со друг кандидат, Мерсин Далипи

Реклама

И во Струмица дефинитивно ќе има промена. Градот кој важеше за бастион на СДСМ, самата партија си го доведува во опасност со изборот на кандидат. Иако според мерењата на јавноста поголема поддршка имаше актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, сепак Филипче и раководството се решија за Марјан Даскаловски.

Неизвесно е дали Стевчо Јакимовски ќе се обиде да добие уште еден мандат во Карпош, но и нему му тежат пресуда и црна листа.

Според познавачите, тому на овие места ќе се водат и главните битки.

Скопје е трофејот на локалните избори, но таму според новинарот Бранко Героски работата е повеќе од јасна, се очекува сигурна победа на Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак според него, можеме да очекуваме силна и неизвесна битка за две скопски општини, Центар и Карпош.

-Невралгичката точка, она што е битна точка во Скопје, ќе се води според мене за општината Центар, каде што СДСМ се уште има шанси, но мислам дека и ЗНАМ ќе извади солиден кандидат и со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде една сериозна голема битка. Јас верувам дека ќе дадат се од себе за да прв пат направат сериозен пресврт во општината Центар, изјави Героски.

Еден вид референдумска битка ќе се води во албанскиот блок. Двете политички сили влегуваат со капиталци. ВРЕДИ оди со двајца министри, ДУИ пак со партискиот потпретседател Османи. Вицепремиерот Меџити и поранешниот министер за надворешни работи директно ќе се судрат во Чаир, што покажува дека оваа општина стана главна за албанските партии.

-Поголемата, позначајната битка ќе биде во албанскиот политички блок, каде што се очекува всушност што се вели вака метафорички кажано борба на живот и смрт, борба за опстанок на политичката сцена. Некако сите прогнози се дека врвот на таа битка, кулминацијата ќе биде во општина Чаир, кај што се судираат лидерот Меџити и неформалниот лидер на ДУИ, Бујар Османи, изјави Героски.

Според мерењата на јавното мислење, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ужива најмногу доверба кај граѓаните – 23,8% од испитаниците на анкетата спроведена од Маркет Вижн би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 5,1% за СДСМ.

Од албанскиот политички блок, пак со највисока доверба засега има ДУИ со 5.5%, но коалицијата ВРЕДИ им дише во врат со 5%.

Матеја Петровски