Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Најдени се момчињата кои возеа лудо низ Ѓорче Петров: Момчето качено на хаубата има 19 години и заработи пријави

По појавувањето на видео запис на социјалните мрежи на кој се гледа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По појавувањето на видео запис на социјалните мрежи на кој се гледа како млад човек стои на хауба од движечко возило без регистарски таблици, Министерството за внатрешни работи веднаш презело мерки за идентификација и санкционирање на вклучените.

Како што информираат од МВР, по преземените активности, групата млади луѓе се идентификувани и со нив е извршен службен разговор. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Дваесетгодишниот возач С.З. се товари за: превезување лице на надворешен дел од возило, управување возило без возачка дозвола и управување нерегистрирано возило. Деветнаесетгодишниот Р.Ѓ., момчето што стоеше на хаубата, ќе одговара за: дозволување управување возило на лице без дозвола и загрозување на сопствената безбедност.

Реклама

Од СВР Скопје најавуваат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, апелирајќи до граѓаните за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на законските прописи.