Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ го спасува и го држи на функција Коцевски, наместо СДСМ и ДУИ да бараат спас од одговорност, да побараат правда и владеење на правото

СДСМ го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Лажната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ го користи случајот со трагедијата во Кочани за политичка манипулација. Лажната загриженост на СДСМ на прес-конференциите е инструмент за дефокус и блед обид за напад на ВМРО-ДПМНЕ, додека во позадина стои заштита на Коцевски, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Лицемерието на СДСМ пукна како меур од сапуница, не помина ниту месец дена глумата на СДСМ дека се критичари на Коцевски. СДСМ со негласањето на интерпелацијата на отвoрена сцена пред очите на целокупната јавност го спаси Коцевски, бидејќи без него, функционерите на СДСМ и ДУИ се првите на удар на правдата.

Коцевски ја поткопува улогата на обвинителството и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем.

Реклама

Љупчо Коцевски, сноси директна одговорност за непостапувањето по сериозни наводи за криминал поврзан со функционери од СДСМ и ДУИ. Наместо да ја гарантира правдата и да ги штити интересите на граѓаните, Коцевски овозможува системска заштита на политички моќници.

Коцевски наместо да работи на владеење на правото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството кое што е помало од 2 проценти.

Граѓаните ја гледаат меѓусебната заштита на Коцевски со СДСМ и ДУИ, наместо празни флоскули и наративи на неиздржани прес-конференции и злоупотреба на трагедијата во Кочани, време е СДСМ да се залага за владеење на правото и правдата. А не да бара спас од одговорност за своите функционери.

Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од функцијата. Правдата и владеењето на правото во Македонија мора да профункционираат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.