Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Филков од Пелинце: АСНОМ нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност

Министерот за правда, Игор Филков беше дел од владината делегација која оддаде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Игор Филков беше дел од владината делегација која оддаде почит по повод 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

„Денес сме овде, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, за да оддадеме почит на државничката визија и храброста на генерациите кои пред 81 година го поставија темелот на нашата државност.

Првото заседание на АСНОМ не е само историски момент, туку жив доказ дека борбата за правда, слобода и достоинство е темел на нашето постоење како народ и држава.

Реклама

Како министер за правда, должност ми е да го чувам тој завет – да се грижам за правна држава, за независни институции и за заштита на човековите права.

Нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност. АСНОМ ни остави обврска, а ние имаме должност таа обврска да ја преточиме во дела“ – истакна министерот Филков.