Немаат лични документи , работат без социјална и здравствена заштита, живеат во тешки економски услови- во населби без основна инфраструктура, не посетуваат училиште. Ова се главните проблеми со кои, се уште се соочуваат Ромите во Македонија. За да се надминат проблемите треба интензивно да се работи на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. Во неа има осум точки за кои се задолжени десет министерства, да ја спроведат. Фокусот е ставен на образованието на Ромите, нивното домување, вработување, намалување на сиромаштијата, регулирање документација.
“Имаме голем напредок и во основното образование и во средното, има голем број на студенти и завршени Роми со високо стручна спрема.Проблемите се генерални, сите институции и владата и органите други, да се залагаме сите заеднички и меѓународниот фактор кој е во нашата држава да помогне за една вистинска и посилна интеграција на ромската заедница.”- изјави Шабан Салиу, министерот без резор задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите
За да не се забориват никогаш ромските жртви од Холокаустот, со комеморативниот настан денеска се одбележува 2 август, денот кога стотици илјади Роми за време на Втората светска војна на нечовечки начин, брутално се убиени низ логорите на смртта, како што се Аушвиц, Треблинка, Јасеновац…
“Преку нашата изложба насловена Ромскиот геноцид низ очите на младите че ја претставиме состојбата на Ромите пред Втората Светска војна, за време на Втората Светска војна и по Втората Светска војна.”- изјави Урмета Арифовска заменик директорка на регионална ромска образовна младинска асоцијација РРОМА
Ромските заедници се соочуваат со длабоко вкоренета структурна нееднаквост и социјално-економска маргинализација, и покрај стратегиските и законските заложби и заштита од дискриминација. Иако Ромите се најголемото етничко малцинство во Европа, последните истражувања покажуваат дека нивниот глас е маргинализиран, а одговорноста за борбата против дискриминацијата често останува без конкретни резултати.
Мила Тодорова

