Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Прилози

🎥 Ќе се чека можеби последниот ден: Изборите ќе се распишат меѓу петти и 11-ти авуст

Ќе се чека крајниот рок. Локалните избори ќе се распишат меѓу петти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се чека крајниот рок. Локалните избори ќе се распишат меѓу петти и 11-ти август, со цел непречена работа на Собранието и носење на одлуки важни за граѓаните. Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека ако треба ќе се искористи и последниот датум за распишување на изборите, со цел во Собранието да се избере нов народен правобранител, а можеби и претседател на Антикорупциска, откако Татјана Димитвоска поднесе оставка.

-Ќе гледаме да ги распишеме изборите до крајниот датум кој законски сме обврзани, ќе чекаме до крај за да секој ден го употребиме во насока на реализација на овие две цели, два предизвика кои ги имаме сега, значи изборот на народниот правобранител и претседател на ДКСК, изјави Гаши.

Собранието му изгласа интерпелација на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но сепак таа нема правно дејство за негово разрешување. Гаши вели пратениците си ја завршиле својата работа, а сега топката е кај Владата или самиот Коцевски да си поднесе оставка од својата позиција.

Реклама

-Нашиот глас, гласот на народните избраници е слушнат, сега останува до другите органи кои треба да го слушнат овој глас на народните избраници, тоа е Владата, самиот државен обвинител и Советот на обвинители, треба да се изјасни ако мислат дека треба да се изјаснат по овој глас кој беше јасно искажан во Собранието, изјави Гаши.

Инаку, изборниот законик предвидува две важни одредби. Прво, изборите мора да се одржат не порано од 70, а не подоцна од 90 дена по распишувањето. Втората важна точка е Законот за локална самоуправа кој предвидува изборите да се одржат во втората половина од октомври.

Матеја Петровски