Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Ирскиот министер Брн: Патот на Македонија е мачен

Патот на Македониоја е мачен, не можам да давам никакви гаранции, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патот на Македониоја е мачен, не можам да давам никакви гаранции, но Ирска ќе се заложува вашиот пат кон ЕУ да биде според заслугите. Ирскиот министер за европски прашања и одобрана Томас Брн од Скопје, ни порача дека Македонија пред себе го има она што веќе е прифатено – Францускиот предлог, кој останува прв и главен услов за напредокот во евроинтеграциите.

-Патот на Македонија кон ЕУ е мачен, тука бев пред три години по Францускиот предлог и договор. Не можам да давам никакви гаранции во животот, освен тоа дека ќе работам секојдневно за да го олеснам вашето пристапување врз основа на заслуги во Европската Унија, така ќе прават и сите други членки на ЕУ, изјави Брн.

Ирска во втората половина од оваа година ќе го преземе претседателството со Европскиот совет. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека е добро што Ирска е еден од погласните гласови на разумот во ЕУ. Вели ја ценел нивната поддршка и очекува напредок на македонските евроинтеграции во текот на нивното претседавање.

Реклама

-Веруваме дека секоја земја кандидат треба да се вреднува врз основа на своите заслуги, а не да биде заложник на билатерални прашања и политички блокади. Тоа е предуслов за зачувавање на кредибилитетот на европската идеја. Ирска во тој контекст има значајна улога како членка на Унијата од 1973-та година, таа претставува пример за успешно користење на можностите што ги носи членството инвестиции, отворање на економијата и зајакнување на институциител, изјави Муртезани.

Брн порача дека неговата држава ќе биде силен поддржувач на проширувањето според мерит системот.

-Ние кажуваме дека проширувањето на ЕУ ќе биде мошне битен приоритет за нас, процесот треба да биде вистински и ќе треба да се убедат сите граѓани без разлика дали тоа се нашите, граѓаните на земјите членки на ЕУ и на земјите кои што треба да пристапуваат, треба да ги увериме во придобивките и таму треба да постигнеме сериозен напредок. Ирска од секогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ врз основа на заслуги, изјави Брн.

Инаку, Македонија во моментов на својот европски пат го има бугарскиот проблем, односно уцените и условувањата од Софија. Ставот на Владата е јасен уставни измени се можни со одложено дејство, со цел да немаме нови блокади во текот на евроинтегративниот процес.

Матеја Петровски