Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

🎥 Цената на парно греењето во Скопје засега останува иста, се чека процената на топланите

Скопјани барем засега куртулија од поскапување на парно греењето. Регулаторната комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани барем засега куртулија од поскапување на парно греењето. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја задржи истата цена, се додека Бирото за процена не го заврши извештајот за основните средства на топланите. Сепак, конечната цена на топлинската енергија треба да биде донесена кон крајот на септември или во октомври. Ова не е првпат Регулаторна да донесе ваква одлука, претходно тоа беше направено пред две години кога постоеја проблеми на цевководот кај мостот Беласица.

И покрај тоа што компаниите побараа големо зголемување на цената за 50%, првиот човек на РКЕ вели дека нема намера да ги признае сите трошоци, особено оние за вработувањата. Во врска со цената на природниот гас која влијае врз цената на парното рече дека се уште е рано нешто да се каже, но дека цените биле за едно до две евра пониски од оние во јануари, кога беше донесена одлука за поскапување на парно греењето во Скопје за 5%.

Скопјани се мачат и со недостаток на вода и слаб притисок на вода на повисоките места од градот веќе неколку месеци. За да се намалат кражбите и загубите на вода кои изнесуваат и до енормни 70% и да се зголемат инвестициите во водоводната мрежа, Регулаторната комисија и Здружението на комунални претпријатија АДКОМ имаат предлог Регулаторна да ја формира крајната цена, а не како досега да определува минимална и максимална цена, а на крај одлуките да ги носат советите на општините. Сепак, признаваат дека ова ќе значи и минимално поскапување на водата.