Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Мицкоски со демант до опозицијата: 11 насто раст на платите, се работи на уште повисоки примања

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека и овој раст на просечната плата не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека и овој раст на просечната плата не е доволен и дека платата треба уште повеќе да расте.

Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”.

Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи Мицкоски, ние како Влада продолжуваме да работиме.

Реклама

-Сакам да кажам дека просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока ние како Влада продолжуваме да работиме. Но, самиот факт што и бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти, е демант за сите оние, би рекол некрофили во рамките на опозицијата, кои во изминатиот период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Овие податоци што сега стигаат се доволен доказ дека тие што освен тоа што не говорат вистина, туку шпекулираат, конструираат и креираат невистини и ништо не можат да сработат. Токму затоа таква е состојбата во опозицијата и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив, изјави премиерот Мицкоски.

За време на денешната посета на Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, премиерот најави работа за уште повисоки примања на работниците.

-Ние како Влада продолжуваме да работиме за уште повисоки примања на работниците, затоа што нашата цел е да го испорачаме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, нагласи премиерот Мицкоски.