Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 Комунална опрема вредна 11 милиони евра за почиста Македонија

Комунална опрема вредна безмалку 11 милиони евра. Битола, Прилеп, Кичево, Струга, Дебар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комунална опрема вредна безмалку 11 милиони евра. Битола, Прилеп, Кичево, Струга, Дебар, Долнени и други рурални општини ќе добијат контејнери, канти, специјализирани возила, односно сè што е потребно за ефикасно собирање, транспорт и одлагање на отпадот од страна на комуналните претпријатија.

Ова е досега најголема ваква набавка во државата, како дел од проект на Министерството за животна средина.

Изет Меџити министер за животна средина, тонско ‘’Оваа набавка која ја реализира Министерството за животна средина и просторно планирање диретно ќе им помогне на 18 општини од југозападниот и пелагонискиот регион да воспостават современ, функционален и еколошки безбеден систем за справување со отпадот по европски стандарди’’

Реклама

Стручната фела вели дека драматично ќе се подобрат капацитетите на комуналните претпријатија и општините во Југозападниот и Пелагонискиот дел.

Тонско Петровиќ Синиша Фирма Симпекс, Битола, драго ми е што доаѓа до реализација на овој проект се работи за 83 возила што треба да ги добијат комуналните претпријатија во југозападна Македонија.

Македонија е отворена да користи искуства од поразвиените земји, вели министерот. Словенија, на пример, го селектира органскиот отпад кој потоа се претвора во компост кој се користи како ѓубриво.

Изет ‘’имаме многу добри релации и соработка со амбасадорот и со словенечки институции и се согласувам, значи Словенија е успешен пример во однос на зелената агенда, мислам, права зелена агенда не некаква што беше промовирана во минатото кај нас и мислам дека треба да ги искористиме добрите примери, еден од нив е и тоа.

Голем предизвик во иднина ќе биде и обновата на опожарените подрачја за што ќе биде потребна заедничка и координирана акција на сите институции, но и на граѓаните.

Кристијан Ниновски