Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

🎥 Просечната плата достигна речиси 46 илјади денари – Владата прави се примањата да растат за сите работници

Просечната плата во Македонија достигна 45 800 денари. Иако ова е тренд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната плата во Македонија достигна 45 800 денари. Иако ова е тренд на пораст и тоа од 11 отсто во однос на мај минатата година, сепак не е доволно за македонските работници. Со ова се согласува и премиерот Христијан Мицкоски кој вели дека фокусот на владата е во насока на креирање политики кои ќе донесат повисоки плати во државата.

Изминатиот период владата ги покачи платите во здравството, образованието и во полицијата. Растот на просекот според статистика  пред се, се должи на растот на платата во финансиските дејности, трговијата на мало и големо, во образование и кај оние што се занимаваат со поправки на моторни возила и мотоцикли.  Според Мицкоски, бројките јасно го демантираат наративот на опозицијата дека платите во Македонија стагнираат и нема раст.

„Прво што сакам да кажам е дека и тоа не е доволно. Дека треба да биде уште поголема просечната плата, и во таа насока продолжуваме, како Влада, да работиме. Но и самиот факт и бруто и нето, од просечната плата растат повеќе од 11% е демант за сите оние, би рекол, некрофили во рамките на опозицијата, кои што изминатиов период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста, дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн, рече Мицкоски.

Реклама

Од друга страна синдикатот сеуште бара раст на минималецот на 500 евра и раст на сите останати плати за 6 илјади денари. По неколку месечна пауза на иста маса ќе седнат владата, синдикатите и работодавачите откако се утврди репрезентативноста на синдикатите, а од ССМ најавија дека ќе бараат да се дискутира за раст на минилецот.

Владата во неколку наврати кажа дека нема против раст на минималецот доколку за тоа се договорат работниците и работодавачите. Според законот, минималната плата достигна скоро 400 евра во март годинава.

На седницата на ЕСС според најавите ќе се разговора и за предлогот за пет потрошувачки кошнички кои според премиерот треба да ја дадат сликата за реалната потреба на граѓаните.