Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Идната година студентите ќе се вселат во новиот „Кузман Јосифовски-Питу“

Владата ги интензивира инвестициите во образованието – се реконструираат студентски домови,  се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги интензивира инвестициите во образованието – се реконструираат студентски домови,  се градат и спортски училишни сали. Во првата фаза од проектот за обнова на студентските домови во Македонија целосно нов лик ќе добијат „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Студентите ќе добијат модернизирани соби и современи читални. Објектите ќе имаат нови инсталации, фасади, системи за греење и ладење, како и поставување на фотоволтаични панели со што ќе обезбеди подобри услови за живеење и учење на студентите. Сместувањето во Кузман ќе започне идната година.

“Проектот за реконструкција на студентски домови опфаќа три фази – во втората ќе бидат реновирани домовите во Охрид, Штип, Прилеп и студентскиот дом „Томе Стефановски -Сениќ” во Скопје, а во третата фаза – „Гоце Делчев“ во Скопје и студентскиот дом во Битола” вели министерката за образование, Весна Јаневска.

Реклама

Според премиерот Мицкоски, инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата.

“За нас е важно да се заврши овој проект и младите луѓе, студентите, конечно да добијат повеќе од добри услови за сместување. Барем од она што го видовме внатре, една просторија како тоа би изгледало, споредено со тоа како било порано, станува збор за огромна разлика. Навистина ќе уживаат во совладувањето на материјата на факултетите”- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај студентските домови, Владата работи и на подобрување на условите во основните и средните училишта.Ќе се градат 15 училишни спортски сали ширум државата.

“Во мoментот е при крај тендерската постапка за реконструкција на 15-на училишни сали, во 14 општини од сите региони. Ценам дека со завршување на оваа постапка, дополнително ќе се додаде вредност и на квалитет во рамките на овој процес кај нас во Македонија”, изјави Мицкоски.

Покрај инфраструктурните проекти, во секторот образование обезбедени се учебници за сите предмети, а наставниците добија и покачување на платите.