Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Клиничката болница во Битола доби нов рентген апарат

Со цел значајно унапредување на здравствените услуги и подобрување на дијагностичките капацитети,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел значајно унапредување на здравствените услуги и подобрување на дијагностичките капацитети, во Клиничката болница во Битола е инсталиран нов, современ дигитален РТГ апарат – Fujifilm Smart X, набавен со поддршка на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.000.000 денари со вклучен ДДВ, се вели во Фејсбук статусот на ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Станува збор за високо квалитетен апарат за дигитална радиографија, монтиран на под, кој овозможува прецизно, брзо и безбедно снимање. Fujifilm Smart X е целосно дигитален, опремен со генератор од 52 kW и два панел детектори, кои испорачуваат дијагностички слики со врвен квалитет, веднаш достапни преку работната станица поврзана со ПАКС системот на болницата. Со набавката на два детектори, целосно се избегнува ризикот од нивно оштетување, што во минатото знаеше да доведе до нефункционалност на апаратот и прекин на услугите. Сега, не постои потреба од пренесување на панелите меѓу позиции, што обезбедува постојана достапност на рентген услугите. Најважно од сè – пациентите од Битола и Пелагонија повеќе нема да бидат упатувани во други установи поради недостапност на рентген апарат, а високиот квалитет на снимките овозможува прецизна дијагностика и побрзо започнување соодветна терапија. Ова е уште еден конкретен резултат на новата здравствена политика и посветеноста на Владата и премиерот Мицкоски да создадат функционално, модерно и еднакво достапно јавно здравство за сите граѓани. Клиничка болница – Битола изразува искрена благодарност до Владата на Република Македонија, а особено до премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, за неговата посветеност и грижа за персоналот и пациентите од Битола и поширокиот регион, истакнуваат од болницата.

Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: