Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Мицкоски: Очекуваме убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа какви импликации ќе има трговскиот договор постигнат викендот меѓу ЕУ и САД, рече дека очекува убави вести од Вашингтон за македонските извозници во САД.

-Тоа што се постигна вчера беше усогласена заедничка изјава помеѓу Европската Унија и САД и бидејќи јавноста можеше да види дека е на двострано задоволство ние ја поздравуваме. Бидејќи голем дел од нашите производни капацитети преку компаниите од ЕУ извезуваат во САД, доколку ЕУ е задоволна од овој постигнат договор, а очигледно таква беше изјавата од страна на претседателката на Европската комисија, тогаш и ние сме задоволни, рече Мицкоски.

Изрази очекување дека во рамки на оваа недела целиот процес на преговори со САД за царините да биде завршен, потсетувајќи дека досега веќе се одржале три рунди преговори.

Реклама

-Ние таква заедничка изјава имаме потпишано многу од порано и сме задоволни. Но, очекуваме во рамките на оваа недела да биде целиот процес завршен, од тоа до сега како се одвиваат преговорите, а веќе имаше три рунди на преговори, последните беа во петокот, ги водат претставници од многу институции со претставници на многу институции во рамки на администрацијата на претседателот Трамп, тоа што можам да го кажам е дека сме најнапред од европските земји и очекувам убави вести за македонсикие граѓани, за македонските извозници во САД, но да почекаме официјално од Вашингтон да дојде веста, потенцира Мицкоски.

Премиерот пред две недели кажа дека Македонија веќе е во процес на преговори за царините од 30 проценти кои американскиот претседател Доналд Трамп ги најави од 1 август.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на САД, Доналд Трамп вчера постигнаа договор за решавање на трговскиот спор околу зголемувањето на царините. По директни преговори меѓу претседателот Трамп и претседателката на ЕК Фон дер Лајен во Шкотска, двете страни се согласиле на 15 проценти униформна американска царина за сите стоки од ЕУ. Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен” и дека ќе биде „одличен за автомобилите“, додека Фон дер Лајен, исто така го поздрави како „огромен договор“, кој дојде по „тешки преговори“.