Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и до подостапни услуги.

Како дел од заложбите за зголемување на ефикасноста во платниот промет, Народната банка неодамна направи важна промена во моделот на работење на системот за порамнување на меѓубанкарските плаќања – МИПС. Со воведувањето нови правила и со намалувањето на трошоците за користење на овој систем, банките ќе остваруваат значителни заштеди.

– Нашата интервенција во МИПС ослободи значителен износ на средства кај банките и го намали нивниот оперативен трошок. Со ова се создаде простор за пренесување на дел од тие заштеди кон клиентите, преку намалување на надоместоците – нешто што веќе го гледаме како резултат, изјави гувернерот Славески.

Реклама

Тој посочи дека Народната банка, иако е регулатор, води постојан дијалог со банкарскиот сектор и делува и како партнер, со цел да се унапредат услугите и да се зголеми задоволството кај корисниците.

– Разговараме со банките да одиме и чекор подалеку – кон разумна и општествено одговорна политика на тарифи. Тоа не е само во интерес на клиентите, туку и на банките, коишто преку вакви потези ги зајакнуваат сопствениот углед и довербата кај јавноста, изјави гувернерот Славески.

Народната банка и натаму ќе ја поттикнува конкуренцијата и модернизацијата на платниот промет, а со либерализацијата на пазарот се очекува уште поголем притисок за намалување на трошоците за граѓаните и за деловната заедница.

– Позитивните сигнали што веќе ги добиваме се резултат на нашиот пристап заснован на аргументи и партнерски дијалог со банкарскиот сектор. Очекуваме дека наскоро и останатите банки ќе ги следат овие примери, додаде гувернерот.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на создавањето регулативна рамка којашто ќе поттикне развивање на квалитетни и ефикасни финансиски услуги достапни за сите граѓани и компании во земјава.