Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Економија

Македонија станува енергетски независна и регионална раскрсница за набавка и проток на гас

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно и посветено работи и вложува во развојот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сериозно и посветено работи и вложува во развојот на гасоводната мрежа. Со новите проекти и инвестиции во енергетиката воопшто, државата влегува во клучна фаза на енергетска независност и трансформација на енергетскиот систем, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Владата, не само што вложува во стабилноста и модернизацијата на сопствената енергетска мрежа, туку стана активен играч во регионалното поврзување и енергетската интеграција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За таа цел веќе започна изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој е капитален проект кој носи двоен бенефит, сигурност на снабдувањето и можност за транзит кон трети земји. Овој интерконектор ќе биде долг 68 километри и освен природен гас, ќе пренесува и водород. Од друга страна, значителен исчекор во енергетското поврзување  е направен и со Србија, при што се потпиша Меморандум за соработка меѓу НОМАГАС и Србијагас за изградба на интерконектор меѓу Клечовце и Врање, со вкупна должина од 70 километри, од кои 23 километри ќе бидат на македонска територија. Преку овие две стратешки поврзувања, Македонија се позиционира како нова транзитна точка за природен гас на релација Југ – Север, односно од терминалот во Александруполис кон Србија и понатаму до Средна Европа, посочуваат од владејачката партија.

Со овие нови интерконектори, државата го поставува курсот кон енергетска независност и улога на регионален енергетски коридор.

Реклама

-Покрај регионалното гасно поврзуваме, ќе се почне со изградба и на секундарната гасоводна мрежа во државата. Пред неколку дена беше потпишан Меморандум за разбирање со Казанџи Холдинг кој, покрај изградбата на топловодна мрежа и когенеративни централи, го отвора патот за изградба на секундарната гасоводна мрежа, која е инвестицијата вредна една милијарда евра. Исто така се инвестира и во производствени капацитети за електрична енергија од обновливи извори, како ветерници, соларни централи. Со јасна визија и посветеност Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гради независен и модерен енергетско гасен систем кој не зависи од една рута, еден снабдувач или еден енергетски извор. Со реализација на овие суштински и стратешки проекти, се стабилизира енергетскиот пазар и Македонија станува енергетски независна и регионално поврзана држава. Со ваквите инвестиции Македонија станува гасна и енергетска регионална раскрсница и ја гради новата енергетска мапа на Балканот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.