Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

🎥 Андоновска: Владата овозможи реализација на капитални инвестиции, зголемување на платите, пензиите и субвенции за младите

Денеска заедно со Зоран Бајовски, со пратеничките Жаклина Пешевска и Рашела Мизрахи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заедно со Зоран Бајовски, со пратеничките Жаклина Пешевска и Рашела Мизрахи, сме заедно со граѓаните во општина Чучер Сандево, во Кучевишка бара во Бразда, а ќе продолжиме и во останатите места како во оваа општина така насекаде во Македонија, да се видиме со граѓаните да позборуваме за предизвиците со кои се соочи Владата во изминатава година и за сето она што следува во иднина и за сето она што треба заедно да го изградиме заедно со граѓаните, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска.

Навистина имавме една година со многу предизвици, каде што сите знаеме што наследивме и сето тоа ни -беше дополнителен мотив на сите нас, сите оние коишто влегоа во институциите, целата Влада, Собранието, за да работат многу повеќе да работат посветено за да можат да стават пред се крај на расипничкото однесување и разнебитување на државата, ставање ред во институциите и правење на држава којашто ќе биде достоинствена за сите граѓани.

Во овој период се направија многу работи, јас ќе истакнам само неколку од нив, а тоа се 500 милиони евра за капитални инвестиции, поддршка од Владата за општините, за капитални инвестиции коишто ќе бидат од интерес на граѓаните.

Реклама

Понатака се зголемија пензиите, се зголемија платите во администрацијата но уште поважно се зголемија платите и на здравствените работници, на работниците во образованието, а јас верувам дека и на останатите полиња во иднина ќе имаме можност за напредок и за подостоинствен стандард и за останатите граѓани.

Понатака се овозможија одредени субвенции за сите оние млади кошто сакаат да отпочнат свој бизнис и за да може да имаат поголем просперитет, се реновираа повеќе од десетина болници, за прв пат имавме учебници на први септември, јас верувам дека и овој септември ќе биде така, така да како што гледате на секое поле има многу повеќе инвестиции, многу повеќе работа и ова е начинот на којшто треба да се работи.

Затоа сме денеска тука со граѓаните на Чучер Сандево, за да споделиме што е она што беше направено во оваа година, но што е она што сакате вие да продолжиме да го направиме заедно во годините што доаѓаат, нагласи Андоновска.