Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Манасиевски: СДСМ кандидира силеџии и деликвенти за градоначалници, чист пример за тоа е тепачот Митовски од Крива Паланка

СДСМ кандидира силеџии и деликвенти за градоначалници, чист пример за тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ кандидира силеџии и деликвенти за градоначалници, чист пример за тоа е тепачот Митовски од Крива Паланка, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот тепач Сашко Митовски, кој глуми некаква жртва во јавноста, всушност е човек кој има добиено кривични пријави за злоупотреба на службена положба, една за не вршење на должен надзор и една за бесправно поставување на урбана опрема. А да не заборавиме дека е осуден и за тепање на полициски службеник под дејство на алкохол. Ваков човек како Митовски не смее да биде градоначалник. Тепачот Митовски бил навикнат во власт на СДСМ дека може да прави се што сака, бидејќи законот не важел за него. Но, мораме да го разочараме затоа што веќе како до сега, нема. За секое кршење на закон за кое ќе се утврди вина, мора да има одговорност. Мора да запре времето на градоначалници кои ги тепаат своите сограѓани и утредента негираат и продолжуваат како ништо да не било. Не може да се крши закон, да не се врши должен надзор, бесправно да се става урбана опрема на угостителски објект на свој брат. Едноставно ова мора да запре. СДСМ и Митовски мислат дека доколку се на функција се заштитени и можат да прават што сакаат, истакна Манасиевски.

СДСМ и Митовски не се навикнати на одговорност и затоа сега се бунтуваат и глумат жртви. Уште еднаш, го повикуваме ЈО да постапи бидејќи секој еден мора да биде еднаков пред законот, додаде Манасиевски.