Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Муцунски: Опасни наративи од Османи, унитарниот карактер на државата никој нема да го наруши

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека неговиот претходник Бујар Османи по неодамнешната кандидатура  за градоначакник на Чаир упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата кои се штетни и за регионалната стабилност.

Муцунски вечерва најави дека ќе се преземат проактивни мерки да се спречуваат таквите наративи. Оцени дека тие кои со години лажеле дека се вистински Европејци „една кампања за локални избори и борба за само една градоначалничка позиција ги довела до ситуација да будат наративи од 19 и 20 век“.

– Човекот кој со години не убедуваше дека го има на ум најдорбиот интерес за Македонците кога носи одлуки, упати порака на јасен политички проект за редефинирање на државата. Многу опасно, не само за нас, порака која е страшно  опасна за целиот регион. Зборуваше за т.н автономија во одлучувањето, практично отвараше теми за создавање држава во држава. Прво јасно треба да му биде дадено до знаење, дека унитарниот карактер на државата никој нема да го наруши. Оваа држава, ниту била ниту ќе биде федерација или конфедерација. Ваквите повици се опасен наратив кон тоа. Што сака тој да каже, автономија во одлучвањето? Дали тоа треба да значи дека Македонците што живеат во Чаир треба да бараат автономија на одлучувањето да создаваме општини во општини, држави во држави? Јасно е дека овие луѓе имаат изгубено тотален компас, јасно е дека можеби живеат во некои наративи од минатиот век за големи албански држави и сето тоа. Ова е Европа, Европа во 21 -ви век и ова е земја членка на НАТО. Ваквите ризични опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата не само што максимално ги осудуваме, туку ќе преземе проактивни мерки да ги спречуваме, рече Муцунски.

Реклама

Дополни дека верува во соживот и дека Македонците, Албанците, Турците, Ромите, сите националности кои живеат тука, сакаат соживот, држава која е развиена, сакаат да се зборува за инвестиции, за европскиот пат.

– Верувам и работам не само на внатрешна кохезија, туку и за одлични билатерални односи со Косово, Албанија, Србија, Бугарија, Грција, со сите земји од поширокиот регион,  но ова се наративи кои ни штетат нам и на регионалната стабилност. Не само што ќе ги осудиме туку и ќе преземе проактивни мерки да ги спречуваме. Овие кои со години не лажеа дека се вистинските Европејци кои веруваат во европски вредности видовме како една кампања за локални избори, како борбата за само една градоначалничка позиција ги доведе до ситуација да будат наративи од 19 и 20 век, рече Муцунски.