Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Економија

🎥 Мицкоски: Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра, продолжуваме да вложуваме во инфраструктурата

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, овде во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштаме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-Ова беше приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година. И денес, само неколку години подоцна, го гледаме реализиран. Со вредност од над 120 милиони денари или околу 2 милиони евра, оваа улица не е само нов асфалт, туку симбол на нашата решителност, дека ветувањата не се дават за да се заборават, туку за да се исполнат. Инфраструктурата е темелот на развојот. Таму каде што се инвестира во улици, се гради и доверба, се отвораат можности и се унапредува квалитетот на секојдневниот живот на луѓето. А Гевгелија, во изминативе години, прераснува во вистински пример за тоа, истакна тој.

Мицкоски посочи дека паралелно со овој проект, во тек е и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари.

Реклама

-Овие вложувања се од огромно значење, затоа што обезбедуваат подобра поврзаност, безбедност и ефикасен проток на луѓе и стока. Дополнително, во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари. Тоа се крупни инфраструктурни зафати што значат подигнување на општината на едно повисоко ниво, што значи визија, план и конкретна работа. Сакам искрено да упатам пофалба и благодарност до градоначалникот на Гевгелија за неговата ангажираност, посветеност и соработка. Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнери, тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време што го живее Македонија. Дел од новата фаза на домаќинско управување, одговорна политика и градење со поглед во иднината, рече Мицкоски.

Премиерот порача дека времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато.

-Денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, нова крстосница, во подобар живот. Денес испраќаме порака- продолжуваме да вложуваме, да градиме, да го менуваме лицето на секој град, секое село и секоја општина во Македонија. Бидејќи тоа го ветивме. И ветувањата мора да ги исполниме. Да ни е честито пуштањето во употреба на улицата „Свети Климент Охридски“. Нека носи безбедност, развој и гордост за Гевгелија. Вака ги градиме темелите на промените, истакна премиерот Мицкоски.