Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Раст од 5 отсто во првите 6 месеци на бројот на патници на двата македонски аеродроми

Вкупно 1,5 милиони патника (1.529.451) опслужиле двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 1,5 милиони патника (1.529.451) опслужиле двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите шест месеци годинава, при што порастот во однос на истиот период лани е 5 отсто, соопшти ТАВ Македонија.

Во истиот временски период, бројот на летови е зголемен за 3 проценти, или македонските аеродроми опслужиле вкупно 12.235 летови од јануари до јуни.

-Задоволни сме што во првите шест месеци годинава бележиме стабилен пораст на патничкиот сообраќај за што придонесоа 8-те нови редовни авиолинии кои ги отворивме од почетокот на 2025 година досега од скопскиот и охридскиот аеродром, во соработка со авиокомпаниите и Владата како наш партнер. Амстердам (Transavia), Париз-Орли (easyJet), Лион (Wizz Air), Барселона (Wizz Air), Анкара (Ajet), Чукурова (Ajet) и Дијарбакир (Ajet) од Скопје и Истанбул (Turkish Airlines) од Охрид. Покрај редовните и сезонските авиолинии, кон порастот придонесоа и до крајот на годинава ќе продолжат да придонесуваат и чартер-линиите на Фрибрд (Freebird) кои носат туристи од 13 европски градови. Како раководство на ТАВ Македонија, продолжуваме да работиме на отворање нови авиолинии и привлекување нови авиокомпании со цел да почнат да летаат од македонско тло, за да создадеме повеќе разновидни можности за патување за нашите граѓани, како и за граѓните од соседството. Врз основа на барањата на патниците, целиме кон туристички дестинации на шпанското и италијанското крајбрежје, како и европски престолнини важни за нашите економски, дипломатски и културни врски со земјите на поврзување, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Реклама

Како што потенцира Курт, ТАВ Македонија очекува стабилниот пораст на патничкиот сообраќај да продолжи и до крајот од годината, а специјален позитивен стимул кој ќе придонесе кон годишните бројки на кумулативен авиосообраќај секако ќе има летниот период. Во оваа насока, како што истакнува Курт, само во јуни скопскиот и охридскиот аеродром имале за 12% повеќе патници (324.285) во однос на истиот период во 2024 година.

Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфрекфентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 17,1% пазарен удел), а потоа следат Базел Милуз (6,6%), Франкфурт (5,7%), Цирих (5%) и Минхен-Меминген (4,6%), Дортмунд (4,5%) и Виена (3,9%).

Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (26,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (22,6%), Швајцарија (11,6%), Италија (5,4%) и Шведска (4,2%).

Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен пораст за 4,47% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,423,039 патници, додека Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 10,9% со превезени 103.792 од јануари до јуни.