Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Николоски: Крајот на септември ќе избереме изведувач за автопатот Скопје-Блаце, за две ипол години ќе го изградиме

Изминативе 9 месеци засилено работиме со Европската Банка за Обнова и Развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изминативе 9 месеци засилено работиме со Европската Банка за Обнова и Развој на постапките за доизградба на автопатот Скопје-Блаце. Имаме фиксен рок до 30 септември да избереме Изведувач за изградба и откако ќе почне изградбата за две и пол години да го изградиме автопатот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-На Блаце работиме со ЕБОР. За македонски услови тие работат бавно, за нормални развиени држави работат нормално бидејќи таму не можат да се случат изненадувања како тука, бидејќи таму подготвителниот период е долг, ама кога ќе се влезе нема назад. Со нив работевме 9 месеци подготвителен период и во моментов понудувачите треба да дадат финансиски понуди. Кај нив тендерите се поделени, прво прават квалификација дали понудувачите ги исполнуваат потребните услови и само тие кои ги исполнуваат техничките услови можат да дадат финансиска понуда затоа што во нашиот случај за јавни набавки се случува ултра неквалитетна фирма да даде ниска цена, вие ја одбивате бидејќи е неквалитетна и Ви се случува да излезат во јавност и да велат не одбивте, а понудивме најниска цена. Со ЕБОР нема вакви работи, прво велат дали технички ги исполнувате условите, се прави селекција и тие фирми што ги исполнуваат условите се поканети да дадат финансиска понуда. На 30 септември треба да имаме избран Изведувач, а кога работите со ЕБОР имаме фиксни рокови, за 2,5 години е рокот на завршување на автопатот, истакна вицепремиерот Николоски.